вложат
Вид збор: Глагол, свршен
Употреби, потроши пари, средства, труд за нешто.
Примери:
Ги вложи парите во нова куќа.
вредат
Вид збор: Глагол, несвршен
Користи, треба за нешто.
Примери:
Вредело да се дојде.
земат
Вид збор: Глагол, свршен
употреби, користи
Примери:
Таа зеде таблета против главоболка.
искористат
Вид збор: Глагол, свршен
Користи определена можност, ситуација за да постигне нешто.
Албански:
përdor, shfrytëzoj
Примери:
Ја искористи неговата наклонетост за да добие подобро работно место.
Користи, злоупотреби некого, извлече корист со сила или измама на нечија штета.
Албански:
shfrytëzoj, keqpërdor
Примери:
Го искористи и го остави без размислување.
исползуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извлече полза од нешто.
Примери:
Тој го исползува нејзиното отсуство за сопствено напредување.
користат
Вид збор: Глагол, несвршен
Употребува нешто, се служи со нешто.
Примери:
Ја користеше власта.
одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Настојува, се стреми кон нешто, постапува некако со цел да постигне нешто.
Примери:
Од идната година ќе одиме со новите наставни планови.
ползуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Принесува полза некому.
Примери:
Тревките ќе ми ползуваат за чаеви.
користи, искористува
Примери:
Тие ги ползуваа сувите гранки за потпалување.
(се ползува) Употребува за себе, искористува.
Примери:
Тој се ползува со своето родителско право.
послужат
Вид збор: Глагол, свршен
Употреби, искористи нешто со некаква цел.
Примери:
Тоа му послужи како повод сета вина да ја префрли врз нив.
(се послужи) Употреби, искористи.
Албански:
shërbej, përdor
Примери:
Ќе се послужиме со неколку примери за илустрација.
практикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има обичај, навика за нешто.
Примери:
Одделни ученици практикуваат да препишуваат.
работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Во процесот на работата користи нешто како помагало, инструмент.
Примери:
Работи со микроскоп.
служат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се служи) употребува, користи
Примери:
Се служи со сите средства за да дојде до целта.
Вид збор: Глагол, несвршен