послужи
послужат; послужен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2359
1.
Почести, нагости со јадење, пиење.
Примери:
Жената ги послужи со кафе и слатко.
Тој ги покани да седнат и ги послужи со вино.
2.
Употреби, искористи нешто со некаква цел.
Примери:
Тоа му послужи како повод сета вина да ја префрли врз нив.
Очевидно е дека за негова подлога имаат послужено различни текстови.
3.
Служи малку, кратко време.
Примери:
Откако му послужи на царот, тој ја напушти службата.
Слично со:
служи (несв.)
4.
(се послужи) Земе од тоа што е послужено.
Примери:
Гостите се послужија со колачите.
Слично со:
земе (св.)
5.
(се послужи) Употреби, искористи.
Англиски:
use
Албански:
shërbej, përdor
Ќе се послужиме со неколку примери за илустрација.
Изрази
Го послужи среќата - кога сѐ му оди како што треба, кога среќата му е наклонета.
Изведенки
1.
послужува несв.
(се) послужуваат
(се) послужуваат
2.
послужување ср.
глаг. им.
глаг. им.