virgin - онтологија

дева повеќе

мн. деви
Вид збор: Именка, женски род
Девица, девојка - како составен дел од името на христијанската Богородица.
Употреба: Црковен термин
Примери:
Света дева Марија.

девица повеќе

мн. девици
Вид збор: Именка, женски род
Девојка што немала сексуални односи; невина девојка.
Албански: virgjëreshë
Примери:
Не знаеја дали се омажила или е останата девица.
Богородица (некогаш и како додаток покрај името).
Албански: Maria virgjër
Употреба: Црковен термин
Примери:
Кога се вратија, Богородице девице, беа бели и свежи, румени, убави.

девствен повеќе

девствени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на девица; што е невин, скромен, чесен.
Примери:
девствена мома

девственик повеќе

мн. девственици
Вид збор: Именка, машки род
Лице што немало сексуални односи.
Примери:
И двајцата останаа девственици.

јунгфер повеќе

мн. јунгфери
Вид збор: Именка, женски род
невина девојка
Германски: Jungfer
Употреба: Дијалектен збор , Иронично
Примери:
јунфер на 40 години

невин повеќе

невиниот
Вид збор: Придавка
девствен

чесен повеќе

чесни
Вид збор: Придавка
За девојка - девствена.
Албански: e ndershme, e virgjër
Примери:
Ако е чесна, ќе ја земам за жена.