а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чесен

чесни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2443
1. За човек - морално исправен.
Англиски: honest Албански: i ndershëm
Примери:
Чесни деца на уште почесни родители.
2. Својствен на морално исправен човек.
Англиски: honest Албански: i ndershëm
Примери:
чесни мисли
чесни намери
чесна душа
3. Што одговара на барањата на чест.
Англиски: honourable Албански: i ndershëm
Примери:
чесна постапка
(разг.) Чесен збор!
4. За девојка - девствена.
Англиски: virgin Албански: e ndershme, e virgjër
Примери:
Ако е чесна, ќе ја земам за жена.
5. свет, почитуван
Англиски: honourable Албански: i nderuar
Примери:
Чесен крст, чесна трпеза, чесна кума.
Чесно седи, чесно мисли, работи итн.
Изведенки
чесно прил.
Пример: Работи чесно.