weak - онтологија

безотпорен повеќе

безотпорниот
Вид збор: Придавка
Што не може да даде отпор, неотпорен, неиздржлив, слаб.
Примери:
Безотпорна ситуација.

блуткав повеќе

блуткавиот
Вид збор: Придавка
безвреден, слаб
Примери:
Сивите и блуткави сцени не ѝ оставија впечаток на публиката.

жулав повеќе

жулавиот
Вид збор: Придавка
слаб

незакрепнат повеќе

незакрепнатиот
Вид збор: Придавка
Што не е закрепнат, што е сѐ уште слаб.
Примери:
незакрепнато здравје
Што не е зацврстен.
Примери:
незакрепната граѓанска класа

нејак повеќе

нејаки
Вид збор: Придавка
Што не е доволно јак, цврст.
Примери:
Нејаки греди.

папушкав повеќе

папушкавиот
Вид збор: Придавка
(за човек со нежно здравје) мекуш, нејак

подослабен повеќе

подослабениот
Вид збор: Придавка
Што е заслабнат малку, донекаде.
Примери:
Ми се гледаш подослабен, да не си на диета?

рахитичен повеќе

рахитична
Вид збор: Придавка
слаб, неразвиен, овенат
Примери:
Рахитично дете.

слаб повеќе

слаби
Вид збор: Придавка
Кој нема доволно физичка сила; кој е со опаднати физички сили; кој не е наполно здрав.
Српски: слаб Албански: i hollë Бугарски: слаб
Употреба: Медицина
Примери:
Децата се уште мали и слаби.
Кој е лишен од тврдост, упорност.
Примери:
слаба волја
Кој нема значителни можности и способности за напад или одбрана.
Примери:
слаба армија
Кој нема голема сила, енергија; кој е незначителен по своето дејство; кој е ненаситен, редок.
Примери:
слаба струја
Кој не е голем по сила, напрегање; кој не е: интензивен, длабок, јасен; кој не трае долго.
Примери:
слаба светлина
Кој е пристрастен, расположен кон нешто, обично лошо.
Примери:
Слаб спрема виното.

слабо повеќе

Вид збор: Прилог
Со мала, незначителна сила.
Примери:
Огнот гори слабо.