јак
јаки
Вид збор: Придавка
Ранг: 3242
1.
Што има голема сила и енергија, силен, добро развиен.
Англиски:
strong
Албански:
i fortë, i fuqishëm
Јаки и длабоки корени.
Тој е многу јак.
2.
Што е траен, издржлив, цврст.
Англиски:
tough
Албански:
i fuqishëm, rezistues
јако платно
јаки јажиња
3.
Што е добро вооружен, тешко совладлив.
Примери:
јака армија
јако утврдување
4.
Што е духовно силен, цврст, непоколеблив.
Англиски:
strong
Албански:
i fortë, i vendosur
Јак е тој, ќе издржи.
Слично со:
непоколеблив (прид.)
5.
Што има голема моќ, власт, авторитет, што има влијание врз случувањата од разни сфери на животот.
Англиски:
strong
Албански:
i fuqishëm, i pushtetshëm
јака компанија
јака фирма
јак издавач
Слично со:
моќен (прид.)
6.
значаен, релевантен
Англиски:
important
Албански:
i fortë, i rëndësishëm
јаки докази
Слично со:
значаен (прид.)
7.
Што има голема сила, јачина.
Англиски:
powerfull
Албански:
i fortë, i fuqishëm
јак мотор
8.
Што содржи голем процент од нешто, што дејствува силно.
Англиски:
strong
Албански:
i fortë, i fuqishëm
јака ракија
јаки цигари
јак отров
9.
Што е остар, продорен.
Англиски:
intense
Албански:
i fuqishëm, penetrues
јаки бои
јак мирис
Слично со:
продорен (прид.)
10.
Што е силен по начинот на кој се пројавува, по интензитетот.
Англиски:
strong
Албански:
i fortë, i fuqishëm
јака настинка