заносат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да носи, да има нешто кај себе, на себе.
Примери:
Дури сега го заносив новиот костум.
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнаноси) Изнаноси нешто доволно долго време.
Примери:
Се изнаноси свилени кошули.
искинат
Вид збор: Глагол, свршен
Износи облека, обувки.
Албански:
baj veshjembathje
Примери:
Дарко ги искина патиките играјќи фудбал.
(се) наносат
Вид збор: Глагол, свршен
Носи долго време (обично облека, обувки), се задоволи со носење.
Примери:
Им се наносив на овие чевли.
носат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има на себе, кај себе како облека, украс, нужен предмет, белег и сл.
Примери:
Носеа селска облека.
(се носи) Се облекува според поводот, според модата.
Примери:
Во црква се носела многу поскромно.
одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има (нема) нешто на себе, некако е облечен, обуен.
Примери:
Оди по кошула.
поносат
Вид збор: Глагол, свршен
Носи на себе облека, алишта извесен период.
Примери:
Палтото може да го поноси уште оваат еден.
разносат
Вид збор: Глагол, свршен
Со носење (чевли, облека) направи да стане приспособено кон телото, удобно за носење.
Примери:
Таа ги разноси новите чевли.
(се) фураат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се фура) се облекува, носи