when - онтологија

кога повеќе

Вид збор: Прилог
Како прашален збор за време: во кое време, во кој период.
Српски: кад Албански: kur Бугарски: кога
Примери:
Кога го виде?
Во невистински прашања пред временски реченици; во кое време, во кој момент.
Примери:
Не знам кога ќе патувам.
Во извични реченици, за чудење во искази дека нешто е необично, неочекувано.
Примери:
Кога дојде, кога си отиде!

кога повеќе

Вид збор: Сврзник
Во зависносложени временски (темпорални) реченици, во составот на зависната дел-реченица.
Примери:
Кога дојде таа, тој веќе беше заминат.
Во условни зависносложени реченици, cо можен начин.
Примери:
Кога би дошла, би ја видела оваа убавина.
Во условни зависносложени реченици, со надвременско значење за да се изрази особен вид (исполнет) услов.
Примери:
Кога нема избор, настапува случајноста.
Во независносложени реченици кога во дел-речениците се одвиваат истовремени дејства, формално независносложени реченици.
Примери:
Седи така замислен кога одеднаш забележува чудни сенки на ѕидот.

штом повеќе

Вид збор: Сврзник
веднаш, откога, кога
Примери:
Јави ми штом ќе пристигнеш.
ако, бидејќи
Примери:
Штом немаш пари, што бараш овде?