where - онтологија

каде повеќе

Вид збор: Прилог
Како прашален збор: На кое место?
Српски: где Албански: ku Бугарски: къде
Примери:
Каде ми се клучевите?
Како прашален збор: Во кој правец, во која насока?
Примери:
Каде ќе одиш сега?
За означување неопределеност, некаде.
Примери:
Светлината светеше каде појако, каде послабо.

каде повеќе

Вид збор: Сврзник
Сврзувачки збор во зависносложени реченици, во составот на зависната дел-реченица за односно (релативно) надоврзување.
Албански: ku
Примери:
Сакам да знам каде одат тие.
Како сврзувачко средство заедно со што.
Примери:
Јас ќе те однесам каде што сакаш ти.

каде повеќе

Вид збор: Предлог
Определба за место.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Го нашле каде црквата и го врзале.

кај повеќе

Вид збор: Предлог
место, простор, положба
Албански: te, ke
Примери:
Кај вас е многу топло.

кај повеќе

Вид збор: Прилог
Како прашален збор; на кое место.
Примери:
Кај ти е синот?
Во кој правец, во која насока.
Примери:
А ти, кај ќе одиш?

кај повеќе

Вид збор: Сврзник
Во зависносложени односни (релативни) реченици, во составот на зависната дел-реченица.
Примери:
Тие отидоа на местото кај се одвивал настанот.
Сврзувачко средство заедно со што.
Примери:
Кај што изгрева сонцето, таму се најде тој со групата.

камо повеќе

Вид збор: Прилог
Во директни прашања, со значење каде.
Примери:
Камо ти го клучот?