а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

каде

Вид збор: Прилог
Ранг: 959
1. Како прашален збор: На кое место?
Англиски: where Српски: где Албански: ku Бугарски: къде
Примери:
Каде ми се клучевите?
2. Како прашален збор: Во кој правец, во која насока?
Англиски: where
Примери:
Каде ќе одиш сега?
3. За означување неопределеност, некаде.
Англиски: where
Примери:
Светлината светеше каде појако, каде послабо.
Најголем патриотизам е сега да се инвестира и просперира тука каде што живееме.
Изрази
До немај каде - премногу, до крајни граници.
Каде-годе; Каде (и да) било - сеедно каде.
Каде каде - (разг.) израз за потсилување на компаративот. (Тие се каде каде подобри. Од мене беше каде каде постар.)
Каде ќе ми (му, ти ...) биде крајот - по некоја необмислена постапка; а што ќе правам после. (Ќе ја продадам куќата, а после каде ќе ми биде крајот.)
Нема каде - нема никаков излез.
Каде не - секаде.
Како каде - понекаде, повремено.
Кој каде - секој на своја страна.
Од каде (на каде) - за нешто што нема оправдана причина. (Зошто, врз која основа? На пример: Од каде (на каде) пак ти да добиеш повеќе од другите.)
Од немај каде - и без да сака.