where - онтологија

каде повеќе

Вид збор: Прилог
Како прашален збор: На кое место?
Српски: где Албански: ku Бугарски: къде
Примери:
Каде ми се клучевите?
Како прашален збор: Во кој правец, во која насока?
Примери:
Каде ќе одиш сега?
За означување неопределеност, некаде.
Примери:
Светлината светеше каде појако, каде послабо.

кај повеќе

Вид збор: Прилог
Како прашален збор; на кое место.
Примери:
Кај ти е синот?
Во кој правец, во која насока.
Примери:
А ти, кај ќе одиш?

камо повеќе

Вид збор: Прилог
Во директни прашања, со значење каде.
Примери:
Камо ти го клучот?