whether - онтологија

аџаба повеќе

Вид збор: Сврзник
дали, можеби, се прашува
Турски: acaba
Употреба: Архаизам
Примери:
Си велам, аџаба има ли кој да го чуе овој повеќе младешки и машки силен удар во камбаните.

дал повеќе

Вид збор: Честичка
Скратена форма од дали, се употребува најчесто во поезијата и во разговорниот јазик.
Употреба: Разговорно
Примери:
Дал да се смеам или да плачам, ништо ти не ми кажуваш.

дали повеќе

Вид збор: Честичка
При поставување прашање за изразување сомнеж, колебање и несигурност.
Примери:
Дали ќе се јави кога ќе се врати?

дали повеќе

Вид збор: Сврзник
Во прашални реченици, при индиректно прашање
Употреба: Разговорно
Примери:
Сите се прашуваа дали може вакво нешто да се случува.

заре повеќе

Вид збор: Сврзник
зар, зер, зере
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ако спиеш, разбуди се зер ти идат добри гости.

ли повеќе

Вид збор: Честичка
(во реторско прашање) Во прашални реченици за засилување на исказот.
Примери:
Таков ли дар ми носиш?