wide - онтологија

обемен повеќе

обемни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на обем.
Примери:
обемниот простор на кругот

разлеан повеќе

Види и: разлее (св.)
разлеаниот
Вид збор: Придавка
широк, развлечен
Примери:
разлеано пишување

ширнограден повеќе

ширноградна
Вид збор: Придавка
широк
Примери:
Над селото лежат ширноградни ридој.

широк повеќе

широки
Вид збор: Придавка
Што има релативно голема широчина, голем напречен размер.
Српски: широк Албански: i gjerë Бугарски: широк
Примери:
широк сокак
Што е со наведени размери во метри.
Албански: i gjerë
Примери:
Патот е широк седум метра.
За облека - што е поголем од мерката; што не е тесен.
Албански: e gjerë
Примери:
Палтото ти е многу широко.
За самогласка - што се изговара со поголем отвор на устата.
Албански: e hapur
Употреба: Граматика
Примери:
широко „а“

широко повеќе

Вид збор: Прилог
широк
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја отвори широко вратата.

ширум повеќе

Вид збор: Прилог
широко
Примери:
Врата ширум отворена.