а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тесен

тесни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1185
1. Што има мала широчина.
Англиски: narrow Српски: узак Албански: i ngushtë Бугарски: тесен
Примери:
тесна улица
тесен сокак
тесен пат, тесен премин
тесен колосек
тесни рамена
2. За просторија, зграда - што има релативно мали размери, просторно мал, недоволен.
Англиски: narrow Албански: i ngushtë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
тесен стан
тесен простор
3. За облекло, обувки - помал од потребната мерка, помал од една вообичаена, позната или воопшто друга мерка.
Англиски: tight Албански: i ngushtë
Примери:
Чевлите ми се многу тесни, ме стегаат.
тесен фустан
Сега се на мода тесните панталони.
4. Кој е без ширина, со помал обем или број.
Англиски: narrow Албански: i ngushtë, i vogël
Употреба: Преносно значење
Примери:
тесни сфаќања
тесна дефиниција
5. За врски, односи - многу близок.
Англиски: close Албански: i ngusht, i afërt
Употреба: Преносно значење
Примери:
тесно пријателство
тесна соработка
тесни врски
Изведенки
тесничок прид.
тесничкиот
дем.