witness - онтологија

кум повеќе

мн. кумови
Вид збор: Именка, машки род
Сведок при венчавање или склучување граѓански брак.
Албански: dëshmitar
Примери:
Кумот ни донесе голем подарок за нашата свадба.

мартир повеќе

мн. мартири
Вид збор: Именка, машки род
сведок
Албански: dëshmitar
Употреба: Архаизам

очевидец повеќе

мн. очевидци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што видел лично некоја случка, настан и сл.
Употреба: Правда
Примери:
Тој беше очевидец на сообраќајната несреќа.

раскаже повеќе

раскажат
Вид збор: Глагол, свршен
Со својот изглед посведочи за нешто што се случило.
Албански: dëshmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секое дрво, секој камен ќе ви раскаже за борбите на нашите јунаци.

сведок повеќе

мн. сведоци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што присуствувало лично на извршувањето на нешто, посматрач на нешто.
Албански: dëshmitar
Примери:
Тој е сведок дека делото го извршил старецот.
Лице што дава пред суд изјави по некој процес, дело и сл.
Албански: dëshmitar
Употреба: Правда
Примери:
Утре ќе почне распитувањето на сведоците.
Лице што присуствува на нешто, обично на склучување брак, заради официјално потврдување на правилноста.
Албански: dëshmitar
Примери:
Двајца сведоци и бракот е склучен.

сведочи повеќе

сведочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потврдува нешто во својство на очевидец или на ииформирано лице.
Албански: dëshmoj
Примери:
Има луѓе што ќе сведочат дека е тој убиецот.

свидетел повеќе

Види и: сведок (м.)
мн. свидетели
Вид збор: Именка, машки род
сведок
Употреба: Правда

шаит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сведок, очевидец
Турски: şahit
Употреба: Архаизам

шант повеќе

мн. шантови
Вид збор: Именка, машки род
очевидец, сведок
Употреба: Архаизам