work - онтологија

вработи повеќе

вработат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вработи) Влезе, стапи на работа.
Албански: punësoj, pranoj në punë
Употреба: Економија
Примери:
Таа се вработи во банката.

залеби повеќе

залебат
Вид збор: Глагол, свршен
(се залеби) Се вработи.
Албански: punësua
Примери:
Изучи за судија, но не успеа да се залеби.

занимава повеќе

(се) занимаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се занимава) Врши (професионално или редовно) определена дејност.
Албански: merrem me, punoj
Примери:
Тој се занимава со трговија.

заработи повеќе

заработат
Вид збор: Глагол, свршен
Почна да работи, да функционира нешто.
Албански: punoj, filloj me punë
Примери:
Во десет часот шалтерите на банката заработија повторно.
Почне да работи некаде.
Албански: punoj
Примери:
Тој од вчера заработил во тутуновиот склад.
(се заработи) Се занесе, се заборави работејќи.
Албански: punoj, zhytem në punë
Примери:
Таа се заработи и не сети кога се стемни.

наработи повеќе

(се) наработат
Вид збор: Глагол, свршен
Работи многу, до изморување.
Примери:
Денеска се наработивме.

обработи повеќе

обработат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши потребни работи врз нешто (земјиште, суровина) за да служи на неговата намена.
Албански: punoj
Примери:
Тој сам ја обработи нивата.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За постапка, намера, намисла - не е така, спротивно е, не може да успее.
Албански: shkon, kalon
Примери:
Тоа што го кажуваш не оди.

подработи повеќе

подработат
Вид збор: Глагол, свршен
Работи малку или кратко време.
Примери:
Подработи едно лето во дуќанот, па се откажа.

поработи повеќе

Види и: работи (несв.)
поработат
Вид збор: Глагол, свршен
Работи малку, некое време.
Албански: punoj pak
Примери:
Тој поработи уште малку, ја фрли теслата и отиде дома да се прибере.

практикува повеќе

практикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Применува знаење во практика, врши стручна работа.
Албански: praktikohem
Примери:
Тој практикува како лекар веќе една година.

работа повеќе

Види и: работи (несв.)
(се) работат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) работи
Албански: punohet
Употреба: Дијалектен збор

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава, врши некоја работа, се труди.
Српски: радити Албански: punoj Бугарски: работя
Употреба: Економија
Примери:
Секој мора нешто да работи.
Дејствува во корист на некого, се труди за друг.
Примери:
Цел живот работеше за нив, за газдите.
Развива дејност со некаква цел.
Примери:
Во 1941 год. работеше во Македонија илегално.

служи повеќе

служат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши некава служба, должност, работи.
Албански: shërbej, punoj
Примери:
Служеше како писар во општината.

трга повеќе

тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за машина, механизам и сл.) работи, функционира
Албански: punon
Примери:
Не трга часовников.

тргне повеќе

тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
За машина, механизам - почне да работи.
Албански: nisë, punoj
Примери:
Само малку го занишав часовникот и тој тргна.

труди повеќе

трудат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се труди) Полага труд, работи.
Албански: mundohet, punon
Примери:
Кој се труди, ќе постигне.

учи повеќе

учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(без предмет) Работи над зададените лекции, се спрема, зафатен е со учење.
Албански: mësoj, punoj
Примери:
Не задевај го детето, остави го нека учи.