Економија - категорија

рабат повеќе

мн. рабати
Вид збор: Именка, машки род
Попуст од продажната цена.
Англиски: rebate, discount Албански: rabat
Примери:
На книжарниците им се дава 15 отсто рабат.

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава, врши некоја работа, се труди.
Англиски: work Српски: радити Албански: punoj Бугарски: работя
Примери:
Секој мора нешто да работи.
Има некаде некое занимање, на служба е, служи; практикува некаква професија, исполнува некаква должност.
Англиски: practise Албански: vepron
Примери:
Кај работи татко ти?
изработува, произведува
Англиски: produce Албански: prodhon
Примери:
Кој ги работеше овие чевли?
Прави зделки, економски функционира.
Англиски: function
Примери:
Претпријатието сега работи добро.

работник повеќе

мн. работници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со физички или умствен труд.
Англиски: worker Албански: punëtor
Примери:
Квалификуван работник.
Човек што се занимава професионално со производствен труд.
Англиски: laborer Албански: punëtor
Примери:
Синдикат на работниците од текстилната индустрија.
наемен работник
Англиски: day laborer Албански: punëtor dite
Примери:
Работниците станаа против работодавците.
Човек што сака да работи, работен човек.
Англиски: worker Албански: punëtor
Примери:
Насекаде имаше место за него, зашто беше познат како добар работник.

работничка повеќе

Види и: работник (м.)
мн. работничка
Вид збор: Именка, женски род
жена работник
Англиски: worker Албански: punonjëse, punëtore
Примери:
работници и работнички

работодавач повеќе

Види и: работодавец (м.)
мн. работодавачи
Вид збор: Именка, машки род
работодавец
Англиски: employer Албански: punëdhënës

работодавец повеќе

мн. работодавци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што наема работна сила.
Англиски: employer Албански: punëdhënës
Примери:
Работодавецот не им ја исплатил платата на вработените.

работодател повеќе

Види и: работодавец (м.)
мн. работодатели
Вид збор: Именка, машки род
работодавец
Англиски: employer Албански: punëdhënës

работоспособен повеќе

работоспособниот
Вид збор: Придавка
Способен за работа
Англиски: fit for work Албански: i aftë për punë
Примери:
Децата уште не му беа работоспособни.

работоспособност повеќе

(едн.) работоспособноста
Вид збор: Именка, женски род
Способност за работа
Англиски: fitness for work Албански: aftësi për punë
Примери:
Човек со неисцрпна енергија, со огромна работоспособност.

развиток повеќе

(едн.) развитокот
Вид збор: Именка, машки род
Зголемување на производните резултати, пораст на општественото производство, економски напредок.
Англиски: progress Албански: zhvillim
Примери:
Сето тоа води до развиток на стопанството во земјата.

раздолжи повеќе

раздолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи некого од долг.
Англиски: write off debts Албански: kthej huan
Примери:
Не коси се, те раздолжив.
(се раздолжи) Се ослободи од долг.
Англиски: write off debts Албански: kthej borxhin
Примери:
Најпосле и јас се раздолжив со сите.

раздолжување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Ослободување од долгови.
Англиски: settlement Албански: kthej borxh

разземе повеќе

разземат
Вид збор: Глагол, свршен
При купување - разграба, раздига.
Англиски: buy off Албански: marr, grabit
Примери:
Брзо ги раззедоа портокалите.

разортачи повеќе

разортачат
Вид збор: Глагол, свршен
Растури ортаклак.
Англиски: separate Албански: prish ortakllëkun, miqësin
Примери:
Таа загуба ги разортачи.
(се разортачи) Излезе од ортаклак.
Англиски: separate Албански: lë ortakinë
Примери:
Тогаш дури се разортачивме со него.

разработи повеќе

разработат
Вид збор: Глагол, свршен
За механизми, инструменти и за установа, претпријатие, дуќан - направи да работи добро.
Албански: zhvilloj
Примери:
Ја разработив веќе машината.

разреже повеќе

разрежат
Вид збор: Глагол, свршен
За данок, прилог, придонес - одмери, определи.
Англиски: determine Албански: përcaktoj
Примери:
Кога ќе го разрежат данокот за минатата година?

разрез повеќе

мн. разрези
Вид збор: Именка, машки род
За данок, придонес - одмерување, определување.
Албански: përcaktim, llogaritje
Примери:
Разрезот на данокот.

раководење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) раководи
Англиски: management Албански: udhëheqje, menaxhim
Примери:
Раководењето на претпријатието.

раководител повеќе

мн. раководители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што раководи нешто.
Англиски: manager Албански: udhëheqës, menaxhues
Примери:
Раководител на претпријатие.

раководителка повеќе

Види и: раководител (м.)
мн. раководителки
Вид збор: Именка, женски род
жена раководител
Англиски: manager Албански: udhëheqëse, menaxhuese

раководителски повеќе

раководителска
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на раководител.
Англиски: managerial Албански: menaxhues, udhëheqës
Примери:
раководителски средби

раководство повеќе

мн. раководства
Вид збор: Именка, среден род
Дејноста на раководителот, на раководните органи, раководење.
Англиски: management Албански: administrim
Примери:
Сите биле под негово раководство.

ракоделец повеќе

мн. ракоделци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи рачно, што се занимава со ракоделство.
Англиски: workman Албански: mjeshtër

ракоделие повеќе

мн. ракоделија
Вид збор: Именка, среден род
ракоделство
Англиски: workmanship Албански: mjeshtri, punë dore

ракоделство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Рачен труд, предимно женски.
Англиски: handiwork Албански: punë dore
Предмет изработен рачно.
Англиски: handiwork Албански: punë dore

ракотворец повеќе

мн. ракотворци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што изработува рачно некои предмети.
Англиски: workman Албански: manifakturist, mjeshtër

рандман повеќе

мн. рандмани
Вид збор: Именка, машки род
Сооднос, принос, приход добиен од сировината во вид на фабрикат или на полуфабрикат (обично во рударството и во прехранбената индустрија).
Англиски: yield
Примери:
Со машинската преработка на грозјето се добива поголем рандман на шира.

расплати повеќе

(се) расплатат
Вид збор: Глагол, свршен
Уреди парични сметки, плати се.
Англиски: settle Албански: shlyej, bëj pages
Примери:
Ајде да се расплатиме.

расплатува повеќе

Види и: расплати (св.)
(се) расплатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) пресметува
Англиски: settle

расплатување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пресметување
Англиски: settlement Албански: shpagim, shlyerje

распределба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Во економијата - процес на разделување на готовиот производ во општеството.
Англиски: distribution Албански: shpërndarje
Примери:
Распределба според трудот.

распродавање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
распродава
Англиски: sellout Албански: shitje

распродажба повеќе

распродажбата
Вид збор: Именка, женски род
Продавање по пониски цени.
Англиски: sale Албански: shitje me lirim
Примери:
Распродажба на текстил.

растур повеќе

Види и: растури (св.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Загуба во работењето со стоки поради растурање, оштетување при мерење, пакување, пренос и сл.
Англиски: shrink
Примери:
Растурот се продава евтино во фабричката продавница.

расход повеќе

мн. расходи
Вид збор: Именка, машки род
Парични давачки или други средства потрошени за различни движни и недвижни добра.
Англиски: expenditure Албански: shpenzim, harxhim
Примери:
лични расходи

расходен повеќе

расходни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на расход.
Англиски: expenditure Албански: shpenzues
Примери:
Расходна книга.

расходник повеќе

мн. расходници
Вид збор: Именка, машки род
Расходна книга.
Албански: regjisër shpenzimesh

расходува повеќе

расходуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
потроши, потрошува
Англиски: consume Албански: shpenzoj, harxhoj
Примери:
Автомобилот расходува многу гориво.

расчет повеќе

расчети
Вид збор: Именка, машки род
сметка
Англиски: bill Албански: afishe, faturë
Примери:
Се излажаа во расчетот.

расчисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
расчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Плати долгови.
Англиски: revenge Албански: shpaguaj
Примери:
Конечно ја расчистивме сметката за долгот.

рата повеќе

мн. рати
Вид збор: Именка, женски род
Дел, отплата, рок на плаќање.
Англиски: instalment Албански: këst, ratë
Примери:
На рати.

рационализација повеќе

мн. рационализации
Вид збор: Именка, женски род
Организирање на некоја дејност да се извршува најрационално.
Англиски: rationalization Албански: racionalizim
Примери:
Рационализација на производствениот процес.

рационалистички повеќе

рационалистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рационализација.
Албански: racionaliste

рационира повеќе

рационираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воведе, воведува ограничување на купувањето на определени производи.
Англиски: ration
Примери:
Рационирање на бензинот.

реал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Стара шпанска сребрена и бакарна монета; сребрена монета во Португалија, Бразил и Мексико.
Англиски: Real Албански: real

ребаланс повеќе

ребалансот
Вид збор: Именка, машки род
Воспоставување на рамнотежа, корекција.
Англиски: re-balance
Примери:
ребаланс на буџетот

ребалансира повеќе

ребалансираат
Вид збор: Глагол, свршен
Одново балансира, повторно усогласи.
Англиски: rebalance
Примери:
Владата одлучи да го ребалансира буџетот.

ревалвација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Зголемување на вредноста на пари или стоки.
Англиски: revaluation Албански: rivlerësim

реверс повеќе

мн. реверси
Вид збор: Именка, машки род
Писмена обврска, обврзница; потврда за позајмена работа.
Англиски: receipt Албански: dëftes, fletpranim
Примери:
Ми го издаде на реверс.

ревизија повеќе

мн. ревизии
Вид збор: Именка, женски род
Преглед, проверка на работата на установа или некое лице.
Англиски: audit Албански: revizion
Примери:
Инспекторите извршија ревизија на работењето на претпријатието.

ревизор повеќе

мн. ревизори
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што прави ревизија на нешто.
Англиски: auditor Албански: revizor

ревизорски повеќе

ревизорска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ревизор.
Англиски: auditing Албански: revizori
Примери:
Ревизорски извештај.

регистар-каса повеќе

мн. регистар-каси
Вид збор: Именка, женски род
Благајна која пресметува автоматски, книжи, подредува и има определен простор за чување пари.
Англиски: cash register

регрес повеќе

(едн.) регресот
Вид збор: Именка, машки род
надомест, надоместок, надополнување
Англиски: compensation Албански: kompensim
Примери:
Се одобри регрес од 30 проценти за уништените посеви.

редукција повеќе

редукцијата
Вид збор: Именка, женски род
намалување
Англиски: decrease Албански: pakësim
Примери:
Редукција на персоналот.

режија повеќе

режијата
Вид збор: Именка, женски род
Трошоците околу водењето на некоја стопанска работа.
Англиски: expenses Албански: regjia

режисер повеќе

мн. режисери
Вид збор: Именка, машки род
сплеткар, интригант
Англиски: schemer Албански: intrigant, ngatërrestar
Примери:
Тој е режисер на семејните караници.

режиски повеќе

режиска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на режија.
Албански: shpenzime
Примери:
Режиски трошоци, издатоци.

реим повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
залог, хипотека
Англиски: pawn Турски: rehin Албански: hipotekë, garanci

реинвестира повеќе

реинвестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повторно инвестира во нешто.
Англиски: reinvest
Примери:
Определба на странските компании да си ја носат и реинвестираат дома добивката.

рекапитулар повеќе

мн. рекапитулари
Вид збор: Именка, машки род
Проверка, краток преглед на сметки и на сметководствени книги.
Англиски: revision
Примери:
Рекапитулар на завршниот финансиски извештај.

рекапитулација повеќе

мн. рекапитулации
Вид збор: Именка, женски род
Проверка на трговски книги и сметки.
Англиски: audit Албански: revizion

реквизиција повеќе

мн. реквизиции
Вид збор: Именка, женски род
Присилно отуѓување со наплата или привремено одземање на имот на приватни лица или општествени организации од државни или воени власти.
Англиски: requisition Албански: rekuizim
Примери:
Реквизиција на житото.

реклама повеќе

мн. реклами
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Мерки што имаат за цел да привлечат купувачи, публика и сл.
Англиски: advertising Албански: reklamë
Примери:
Малу е сторено за рекламата на нашите производи.
Оглас, плаката со податоци за некого или нешто.
Англиски: advertisement Албански: reklamë
Примери:
Разнобојни реклами.

рекламација повеќе

мн. рекламации
Вид збор: Именка, женски род
Во трговијата - барање за надомест на штета поради кусок, лош квалитет на стоките, ненавремена испорака и сл.
Англиски: reclamation Албански: rikuperim, reklamacion
Примери:
Рекламации не се примаат дополнително.

рекламационен повеќе

рекламациона
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рекламација.
Албански: reklamacioni, reklamimi
Примери:
Рекламационо барање.

рекламен повеќе

рекламна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на реклама; кој содржи во себе реклама.
Англиски: advertising Албански: reklamues
Примери:
Рекламно одделение.

рекламира повеќе

рекламираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Соопшти, соопштува нешто со средствата на рекламата.
Англиски: advertise Албански: reklamoj
Примери:
Овие стоки ќе ги рекламираме и по радио.

ремитент повеќе

мн. ремитенти
Вид збор: Именка, машки род
Во банкарството - лице на кое му се исплаќа сумата наведена во хартија од вредност.
Англиски: payee Албански: remitent, i paguari
испраќач (на пари)
Англиски: remitter Албански: dërgues

рента повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Регуларно добиен приход од капитал, имот или земја кој не бара од својот сопственик никаков труд.
Англиски: rent Албански: rentë
Примери:
Живее од рента.

рента повеќе

рентаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава под наем недвижен имот за да се здобие со приход.
Англиски: rent
Примери:
Тој го рента автомобилот и станот.

рентабилен повеќе

рентабилни
Вид збор: Придавка
Кој се исплатува, целесообразен во стопански поглед, доходен.
Англиски: profitable Албански: rentabël
Примери:
Рентабилна фабрика.

рентабилност повеќе

Види и: рентабилен (прид.)
(едн.) рентабилноста
Вид збор: Именка, женски род
рентабилен
Англиски: profitability Албански: rentabilitet
Примери:
Рентабилноста на претпријатието.

рентен повеќе

рентни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рента.
Англиски: rental Албански: rentuese
Примери:
Рентен приход.

рентиерство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дејност на рентиер
Примери:
Рентиерството се разви во капиталистичкиот свет.

рентира повеќе

(се) рентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се исплати, се исплатува, донесе, донесува доход.
Англиски: profit
Примери:
Тоа не се рентира.

реосигури повеќе

реосигурат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повторно осигури, осигурува; двојно осигури, осигурува заради подобра сигурност и за поголема отштета.
Англиски: reinsure
Примери:
Тие го осигурија и реосигурија имотот во две осигурителни фирми.
(се реосигури) Двојно се заштити, повторно или (двојно) повеќекратно се осигури.
Англиски: reinsure
Примери:
Фирмата се реосигури на 10 години од пожар.

репрезентација повеќе

мн. репрезентации
Вид збор: Именка, женски род
Претставување пред официјални гости, деловни партнери, пред јавноста преку соодветни постапки заради одржување на угледот.
Англиски: representation
Средства, трошоци што се даваат како подарок или како реклама од некоја фирма, обично со ознаките на фирмата.
Англиски: representation
Примери:
Секоја година на соработниците им даваа репрезентација календари, пенкала и сл.

репродуцент повеќе

мн. репродуценти
Вид збор: Именка, машки род
Оној што повторно произведува.
Англиски: reproducer Албански: riprodhues

репроматеријал повеќе

мн. репроматеријали
Вид збор: Именка, машки род
Материјал што се употребува за репродукција; суровини, полупреработки што треба да се доработат за да се добие финален производ.
Англиски: raw material
Примери:
Фабрика за материјали и репроматеријали.

репунца повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отпечаток, жиг со кој се обележуваат предмети од благородни метали (злато, сребро).
Англиски: hallmark Германски: Repunze

рестант повеќе

мн. рестанти
Вид збор: Именка, машки род
Должник што доцни со исплатата, што не го вратил долгот во определеното време, определениот рок.
Стока што нема добра продажба.
Вредносни хартии што не се искористени, што се без некоја вредност.

ресто повеќе

рестото
Вид збор: Именка, среден род
Остаток од дадени пари при плаќање кој се враќа.
Англиски: change Германски: Rest Албански: kusur
Примери:
Не ми го даде рестото.

рестрикција повеќе

мн. рестрикции
Вид збор: Именка, женски род
ограничување
Англиски: restriction Албански: restrikcion, kufizim
Примери:
Воведени се рестрикции на електрична струја.

ретур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
враќање
Англиски: return
Примери:
ретур на пакет

рефинансира повеќе

рефинансираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повторно финансира.
Англиски: refinance
Примери:
Рефинансира стари долгови.

рефундација повеќе

(едн.) рефундацијата
Вид збор: Именка, женски род
Враќање на пари, надомест.
Англиски: refund Албански: refundim

рефундира повеќе

рефундираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поврати, повратува, надомести, надоместува, врати, враќа сума што била платена во државната каса.
Англиски: refund

рецептор повеќе

мн. рецептори
Вид збор: Именка, машки род
Собирач на данок, долг и сл.
Англиски: receptor

рецес повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
заостанат долг

рецесивен повеќе

рецесивни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на рецесија, во која има рецесија.
Англиски: recessive
Примери:
рецесивни тенденции

рецесија повеќе

мн. рецесии
Вид збор: Именка, женски род
Забавување на економската активност во една земја за определен временски период; стопанска криза.
Англиски: recession Албански: rënie, recesion
Примери:
Светската економија е во рецесија.

решетар повеќе

мн. решетари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што прави решета.
Албански: mjeshtër shoshash, sitash

решетарка повеќе

Види и: решетар (м.)
мн. решетарки
Вид збор: Именка, женски род
За жена решетар.
Албански: gruaja e shosharit, sitarit

рибар повеќе

мн. рибари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што лови или продава риба.
Англиски: fisherman Албански: peshkatar
Примери:
Рибарот Климе и неговото кајче.

рибарина повеќе

рибарината
Вид збор: Именка, женски род
Такса, данок за рибарење.
Албански: tatim peshkimi

рибарка повеќе

Види и: рибар (м.)
мн. рибарки
Вид збор: Именка, женски род
жена рибар
Англиски: fisherwoman Албански: peshkatare

рибарлак повеќе

Види и: рибарство (ср.)
рибарлакот
Вид збор: Именка, машки род
рибарство
Англиски: fishing

рибарник повеќе

мн. рибарници
Вид збор: Именка, машки род
рибник
Англиски: fishpond Албански: vendpeshkim

рибарница повеќе

мн. рибарници
Вид збор: Именка, женски род
Дуќан, место каде што се продава риба.
Англиски: fish shop Албански: shitore për peshk
Примери:
Се отвори модерна рибарница.

рибарство повеќе

рибарството
Вид збор: Именка, среден род
професија на рибар
Англиски: fishing Албански: peshkatari
трговија, индустрија со риба
Англиски: fishing Албански: peshkatari
Примери:
завод за рибарство

рибен повеќе

Види и: рибин (прид.)
рибниот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на риба, сврзан со добивањето, продавањето и обработката на риба.
Англиски: fish Албански: i peshkut, peshku
Примери:
рибен ресторан

рибник повеќе

мн. рибници
Вид збор: Именка, машки род
Место за одгледување риба.
Англиски: fish pond Албански: vendpeshkim
Примери:
Рибник да прави.

риболов повеќе

риболовот
Вид збор: Именка, машки род
Лов на риба.
Англиски: fishing Албански: peshkim
Примери:
Жителите на овој остров се занимаваат претежно со риболов.

риболовство повеќе

Види и: риболов (м.)
(едн.) риболовството
Вид збор: Именка, среден род
Ловење риба како професија, стопанска гранка.
Англиски: fishing Албански: peshkatari

рогожар повеќе

Види и: рогозинар (м.)
мн. рогожари
Вид збор: Именка, машки род
рогозинар
Албански: rrogoza, hasër

рогозинар повеќе

мн. рогозинари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што плете и продава рогозини.
Албански: hasraxhi

роуд-шоу повеќе

мн. роуд-шоуа
Вид збор: Именка, машки род
Патувања и презентации за рекламирање на одредена цел или продукти.
Англиски: roadshow
Примери:
Владина делегација беше на второто роуд-шоу претставувајќи ги инвестициските можности на земјава.

рочен повеќе

Види и: срочен (прид.)
рочни
Вид збор: Придавка
срочен, сроковен
Англиски: scheduled, due

рубија повеќе

мн. рубии
Вид збор: Именка, женски род
Стара златна монета.
Англиски: gold coin Албански: monedh ari

рубља повеќе

мн. рубли
Вид збор: Именка, женски род
Традиционална основна парична единица во Русија и денес во Руската Федерација.
Англиски: rouble Албански: rubël
Примери:
пет рубли и десет копејки

руга повеќе

(едн.) ругата
Вид збор: Именка, женски род
Шестмесечна или годишна плата на селски слуга.
Англиски: wage
Примери:
(нар. поез.) Му дадоа многу руга - на ден јагне, на ноќ мома.

рударство повеќе

(едн.) рударството
Вид збор: Именка, среден род
Добивање и обработување на руда.
Англиски: mining Албански: xehëtari
Примери:
Населението се занимавало со рударство.

рупија повеќе

мн. рупии
Вид збор: Именка, женски род
Парична единица во Индија, Пакистан и некои други источни земји.
Англиски: rupee Албански: rupje
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш