влошат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде лош, полош од порано (за состојба, положба, однос).
Примери:
Војната ја влоши економската ситуација.
загрешат
Вид збор: Глагол, свршен
ми (ти, му...) се згреши. Му тргне кон лошо, Добие неповолен развој.
Примери:
Му се загреши работата, не излезе како што треба.
Вид збор: Глагол, свршен
(се заостри) Стане полошо, построго.
Примери:
Се заострија судирите меѓу двете страни.
испоганат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испогани) Стане многу лош, злобен.
Примери:
Ама се испоганил човеков.
(се) лошат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има чувство на тегоба.
Албански:
keqësohem, molisem
Употреба:
Медицина
Примери:
Му се лоши од патот.
(се) олошат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе односи со некого, се скара, се замени со некого.
Примери:
Ако не се олошиш со власта, ќе се олошиш со муштериите.
ослабат
Вид збор: Глагол, свршен
попушти, олабави
Примери:
Од невремето телефонските врски ослабеа.
подлутат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана - влоши состојба, раздразни рана, болно место.
Примери:
Таа маст само ја подлути раната.
(се подлути) За рана - се влоши, се раздразни.
Примери:
Раната му се подлути од таа маст.
Вид збор: Глагол, свршен
(се подрасипе) Се расипе малку, донекаде.
Примери:
Последните два дена се подрасипа времето.
разлутат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана, болест – влоши.
Примери:
Тој лек ми ја разлути раната.
(се разлути) За рана, болест – влоши се.
Примери:
Многу ми се разлути повредата.
расипат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - направи да стане лошо.
Примери:
Не дотерувај се, ќе го расипеш времето.
(се расипе) За време - стане лошо.
Примери:
Се расипа денеска времево.
(се) слошило
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) стане лошо
Примери:
Беше му се слошило и умрел.
(се) излоши, стане лош
Примери:
Во последно време, тој многу се слоши.