подобри
подобрат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9502
1.
Прави да стане нешто подобро.
Примери:
Новиот снег ќе ја подобри влажноста на почвата.
Инспекциските служби значително ја подобрија контролата на производите.
Спротивно од:
влоши (св.)
2.
(се подобри) Стане подобар.
Примери:
Кадровската структура во претпријатието значително се подобри со новиот директор.
Наредните денови времето ќе се подобри.
Изведенки
подобрува несв.
(се) подобруваат
(се) подобруваат