wound - онтологија

засече повеќе

Види и: сече (несв.)
засечат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи рана.
Албански: plagë
Примери:
Едно гранче го засече во вратот.

израни повеќе

изранат
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе повеќе рани.
Албански: lëndoj, plagos
Примери:
Војниците го израниле човекот на повеќе места со нож.
(се израни) Си нанесе повеќе рани, скоро истовремено.
Албански: plagos, lëndoj
Примери:
Целиот се израни работејќи со лим.

испоразрани повеќе

испоразранат
Вид збор: Глагол, свршен
Разрани некого во голема мера.
Албански: plagos, lëndoj, vran
Примери:
Чевлите му ги испоразранија стапалата.

испорани повеќе

испоранат
Вид збор: Глагол, свршен
Рани на повеќе места, во голема мера.
Примери:
Бил испоранет и лесно го заплениле.

нарани повеќе

Види и: нахрани (св.)
(се) наранат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи, нанесе рана.
Албански: lëndoj, plagos
Примери:
При паѓањето ја наранил ногата.
(се нарани) Се рани, си нанесе рана.
Албански: lëndohem, plagosem

разрани повеќе

разранат
Вид збор: Глагол, свршен
Причини рана, обично по кожата.
Албански: lëndoj
Употреба: Медицина
Примери:
Ми го разрани лицето.

рани повеќе

ранат
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе некому рана.
Албански: plagos
Примери:
Го раниле во ногата.
(се рани) Нанесе себеси рана.
Албански: lëndoj, plagos
Примери:
Никој не му е крив, сам се рани.

ранува повеќе

Види и: рани (св.)
(се) рануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
нанесува рана

спури повеќе

спурат
Вид збор: Глагол, свршен
разрани
Албански: plagos
Примери:
Потта ќе му ги спури нозете.
(се спури) За кожата на некои делови на телото - се разрани.
Албански: plagë
Примери:
Нозете ќе му се спурат од тие чорапи.