а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сече

сечат; сечел; сечен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1451
1. Реже сосем или на делови со нешто остро.
Англиски: cut Српски: сећи Албански: pres Бугарски: сека
Примери:
Фати да го сече дрвото.
Сече со нож, со ножици.
Сече леб.
Не смееле да му ја сечат ногата.
Сече данок.
2. За сечило - остар е.
Англиски: sharp Албански: mprehtë
Примери:
Ножов воопшто не сече.
Сечат ли ножиците?
3. Нанесува удари со студено оружје.
Англиски: strike Албански: godit
Примери:
Кого ќе фатеа - сечеа. Сече душмани.
(нар. поез.) Наведете ваши руси глави, / да ви сечам глави до рамена.
4. За пат, река, минува низ нешто и го преполовува.
Англиски: cut Албански: kaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Реката го сечеше градот на два дела.
Патишта ја сечат планината.
5. За ветер, поретко за дожд, снег - предизвикува чувство на штипење по кожата.
Албански: ethe
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ама сече ветров!
6. Зборува остро, отворено.
Примери:
Многу е остар спрема сите, само сече.
7. Дели карти.
Англиски: cut Албански: pres
Примери:
Сечи да делам.
Изрази
(разг.) Не му сече умот.
(посл.) Покорна (сложена) глава сабја не (ја) сече.
Сече турски (или некој друг јазик).
Сече пари - заработува многу.