yield - онтологија

жетва повеќе

мн. жетви
Вид збор: Именка, женски род
Плодови, резултати од трудот.
Албански: të ardhura
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашата генерација ја жнее жетвата на многу пред нас.

принос повеќе

(едн.) приносот
Вид збор: Именка, машки род
Род, приход од имот (од земјоделски култури, од берба, од жетва).
Албански: rendiment
Употреба: Земјоделство
Примери:
Оваа година има слаб принос на јаболка.

рандман повеќе

мн. рандмани
Вид збор: Именка, машки род
Сооднос, принос, приход добиен од сировината во вид на фабрикат или на полуфабрикат (обично во рударството и во прехранбената индустрија).
Употреба: Економија
Примери:
Со машинската преработка на грозјето се добива поголем рандман на шира.

реколта повеќе

мн. реколти
Вид збор: Именка, женски род
Принос од земјоделството во определен временски период.
Употреба: Земјоделство
Примери:
богата реколта