адаптира
адаптираат; адаптирајќи; адаптирал
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 17082
1.
Приспособи, приспособува за определена функција, намена.
Примери:
Тој го адаптира станот во работна просторија.
Слично со:
приспособи (св.)
2.
Приспособи, приспособува кон определена средина или кон определени животни услови.
Примери:
Иселениците многу бргу се адаптираа во Новиот Свет.
3.
Преработи едно книжевно или музичко дело за изведба на нов начин или во нов медиум.
Примери:
Симфонијата ја адаптираа за џез изведба.
4.
(се адаптира) се приспособи, се приспособува
Примери:
Кучето се адаптира за еден месец.
Слично со:
навикне (св.)
Изведенки
адаптирање ср.
глаг. им.
глаг. им.