анатема
мн. анатеми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11683
1.
Проклетство со кое се исклучува некој од црквата.
Примери:
Римскиот папа изрече анатема кон овие безверници и кон нивното дело.
2.
клетва
Примери:
Старицата ја одврза шамијата од главата и почна да реди клетви и анатеми.
Место благослов од сопствениот татко таа доби анатема.
Тој фрли анатема и кон селото и кон сопствените родители, негова нога веќе таму не стапна.
Изрази
Фрли анатема - проколне нешто и се откаже од него засекогаш.