а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

аршин

мн. аршини
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12675
1. Стара мера за должина (помеѓу 65 и 75 сантиметри).
Англиски: cubit Турски: arşın Албански: rrëshinë
Употреба: Архаизам
2. Мерка за мерење.
Англиски: measure Албански: masë
Употреба: Преносно значење
Примери:
двоен аршин
Изрази
Мери со различен аршин - за иста работа суди различно, различно се однесува кон луѓето, субјективно ги оценува нивните постапки.