а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бае

баат; бај, бајте; баев, баеја; баел; баен; бајав, бајаа; бајал; бајан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 14391
1. Шепоти таинствени зборови за лекување болен.
Англиски: chant Албански: bëj fall, magji
Примери:
Многу баби му баеја.
2. Зборува многу, без потреба, повторува една иста работа.
Англиски: blab Албански: llomotis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не туку бај.
Цел ден само баеш.
Изрази
Мижи (Асан) да ти баам - како одговор дека тоа што е кажано, што го кажал соговорникот не е за верување.
Изведенки
баење ср.
глаг. им.