балканизам
мн. балканизми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 41447
1.
Карактеристична особеност на балканските народи, односно целокупноста на таквите особености.
Албански:
balkanizëm
Историјата на балканските народи е именувана како балканизам.
2.
Јазична особеност карактеристична за повеќе балкански јазици.
Примери:
Називот прч Скок го определува како балканизам од словенско потекло.