баснословен
баснословни
Вид збор: Придавка
Ранг: 21455
1.
измислен, необичен, фантастичен
Англиски:
fantastic
Волшебниот роман, полн со баснословни авантури, настанал од вечерните приспивни приказни што ги измислил таткото за својот син.
Слично со:
фантастичен (прид.)
2.
неверојатно голем, огромен
Англиски:
huge
Памукот го продаде по баснословни цени.
Слично со:
огромен (прид.)
Изведенки
баснословно прил.
Пример: Стана баснословно богат.
Пример: Стана баснословно богат.