а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

батак

мн. батаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 15776
1. кал
Англиски: mud Турски: batak Албански: baltë, lloç
Примери:
Нозете ми пропаднаа до колена во батак.
Колата се заглиби во батак.
2. Блато, мочуриште, кално место.
Англиски: moor Албански: kënetë
Употреба: Географија
Примери:
Водата од изворот над текот на реката правеше голем батак околу куќичето.
Зацапа во батакот, започнаа да му пропаѓаат нозете.
3. безизлезност, хаос
Англиски: chaos Албански: kaos
Примери:
Роднините сакаа да му помогнат, да го извлечат од батак.
4. Расипан човек, никаквец.
Англиски: good-for-nothing Албански: lloç njeri
Примери:
Остави го него, тој е батак човек.
5. копан
Англиски: leg Албански: këmbëz, kofshë
Употреба: Гастрономија
Примери:
пилешки батаци
Изрази
Во батак - безизлез.