батерија
мн. батерии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6656
1.
Спој на неколку галвански елементи или на акумулатори заради добивање на поголема електромоторна сила или на поголема јачина на струјата.
2.
Џебна електрична светилка.
Примери:
Снопот светлосни зраци од батеријата му го осветли вжареното лице.
Слично со:
светилка (ж.)
3.
Борбена и тактичка единица во артилеријата (обично од 3 до 6 топа).
Примери:
Во текот на ноќта педесет наши момчиња ги нападнале италијанските батерии.
Изведенки
батериски прид.
батерискиот
батерискиот