бачило
мн. бачила
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 10156
1.
Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи.
Примери:
Чорбаџите се групираат по четворица и прават едно бачило.
Имал стадо на бачило.
2.
бачување
Примери:
По Гурѓовден, иде бачило, Свети Никола летни, кога се креваат овците в планина.