а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

баџа

мн. баџи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 19733
1. оџак, димник
Англиски: chimney Турски: baca Албански: baxhë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Чадот од полусувите цепаници одвај излегуваше низ чатијата и баџата на неговата ниска куќарка.
И вујковата куќа е како нашата, со огниште и баџа.
2. Прозорче на покрив од куќа.
Англиски: skylight Албански: dritare kulmi
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
А од баџата ако нѐ види свети Јован?
Низ баџата од врвот на покривот се пробива утринската белина.
Изведенки
1. баџичка ж.
мн. баџички
2. баџиче ср.
мн. баџичиња
дем.