а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бе

Вид збор: Извик
Ранг: 1428
1. За истакнување, за нагласување на исказот.
Примери:
А бе, не разбирам јас, ами и јас деца ранам!
А бе, ние така ја тераме.
Мое е бе!
2. За засилување при обраќањето.
Примери:
А бе, одете кога ви велам!
Што е ова бе, браќа?
А бе, другар, ти тој човек не можеш да го замислиш.
А бе, за слепци ли е шахот?
3. За согласување, одобрување.
Примери:
А бе, знам дека може и без тебе, ама подобро ќе биде со тебе!
А бе, кардаш, така е!
4. За подражавање блеење на овци.
Примери:
Кога се приближуваше до трлото, овците блееја: бе-е, бе-е-е.
Овцата фати да блее кога виде дека е врзана, блее зачестено и сѐ потажно, бее, беее.