беден
бедниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3225
1.
Тој што нема доволно средства за живот.
Англиски:
destitute
Уште како дете татко ти мораше да печали за да ја издржува својата бедна мајка.
Имаше во него место и за бедната питачка.
Беше родена во бедно семејство.
Слично со:
сиромав (прид.)
2.
Човек што го снашло зло, неволја. напаст, голема мака, несреќа.
Англиски:
wretched
Па зарем ние можеме и смееме да умираме вака јадни, бедни, поразени?
3.
Оној што има недостаток од нешто, оскуден.
Примери:
Без памет и беден дух, чекам на секој чекор да се отвори друго подземје.
Ќе молиме за работа некакви суртуци и бедни мрсулковци.
Изведенки
1.
бедно прил.
Пример: Тие живееја бедно, но чесно. Изгледа бедно и грдо. Се чувствував многу бедно.
Пример: Тие живееја бедно, но чесно. Изгледа бедно и грдо. Се чувствував многу бедно.
2.
бедност ж.
3.
беднотија ж.