бел
бели
Вид збор: Придавка
Ранг: 223
1.
Што има боја на снег, на млеко и сл.
Англиски:
white
Албански:
i e bardhë
бел гулаб
бел коњ
бел цвет
бели лебеди
бел мермер
бело платно
2.
Што е со светла боја наспроти тоа што е темно.
Англиски:
white
Албански:
i e bardhë
бел леб
бело грозје
бело вино
бело лице
3.
Што е побелен.
Англиски:
grey
Албански:
i e zbardhur
бела брада
бели мустаќи
Слично со:
сед (прид.)
Изрази
Бели пари за црни дни - пари заштедени, сочувани за тешки времиња.
Со бел образ - чесен, морален.
Ќе излезе на бело видело/ бела виделина - ќе се разоткрие.
Среде бел ден -дење, на дневна светлина.
Не виде бел ден - се изнамачи, мачно го помина животот.
Бела смрт - смрт од студ; смрт од дрога, од хероин.
Бели стихови - стихови без рима.
Бели ноќи - поларни ноќи.
Бела недела - неделата пред поклади.
Црно на бело - написмено, документ.
За белото вели црно - голем инаетчија е.
Изведенки
1.
беличок прид.
беличкиот
дем. и хип.
беличкиот
дем. и хип.
2.
бело прил.