белина
мн. белини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2223
1.
Обележје на тоа што е бело.
Примери:
Снежна белина.
Женска белина.
Белина на небото.
Веќе ја немаше белината на ѕидовите.
На исток се појавуваше белина.
Спротивно од:
црнина (ж.)
2.
Простор без печатен текст на страница од книга, весник.
Англиски:
whitespace,
blank
Албански:
bardhinë, shpraztirë
На белините отстрана имаше посебни забелешки.
Ако се јавува белина, ќе го проредиш текстот.
Остави белина за насловот.
Изведенки
белинка ж.
мн. белинки
Пример: белинката меѓу зборовите
мн. белинки
Пример: белинката меѓу зборовите