а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

беси

бесат; бесел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6978
1. Врзува, закачува нешто да виси.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Овчарите бесат ѕвонци на овенот, предводник на стадото.
На плотот селанките ги бесат волнените килими да се ветреат.
2. Одземе живот со бесење.
Англиски: hang Албански: varet
Примери:
Затворениците ги бесеа веднаш по судењето.
3. (се беси) Си го одземе животот со бесење.
Англиски: hang Албански: varet
Примери:
Зеде ортома, ќе се беси.
4. (се беси) Губи време, бесцелно се задржува некаде.
Англиски: hang around Албански: endet
Употреба: Преносно значење
Примери:
По цел ден се беси кај другарите.
Изведенки
бесење ср.
глаг. им.
Израз: За бесење е - многу згреши.