беспомошен
беспомошни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3708
1.
Што не може самиот да си помогне.
Англиски:
helpless
Беспомошно дете.
Беспомошна девојка.
Беспомошен човек.
Беспомошни суштества.
2.
Што е сам, без заштита, што е во безизлезна ситуација.
Англиски:
desperate
Беспомошна вдовица.
Беспомошен скитник.
Беспомошни јагниња.
Беспомошен писок.
Беспомошна душа.
Слично со:
очаен (прид.)
Изведенки
беспомошност ж.