бетон
(едн.) бетонот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6093
Градежен материјал, смеса од цемент, песок и вода.
Примери:
Таму, на крајот на земјината срцевина е темелот на камен и бетон.
Едни копаа, други правеа цемент, трети ѕидаа со ред: бетон, железо, железо, бетон.
скали од бетон
Изрази
Армиран бетон - бетон зацврстен со железни прачки.