а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бистри

бистрат; бистрел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 21862
1. Прави нешто да биде бистро.
Англиски: clear Албански: pastroj, kthielloj
Примери:
Специјални филтри ја бистрат водата.
Рибата чистач ја бистри водата во аквариумот.
2. Прави нешто да биде чисто, ведро.
Англиски: clear Албански: pastroj, çelë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ветрот го бистри небото и воздухот.
Чистиот воздух му ги бистреше очите.
Ја бистри главата со расолница.
3. (се бистри) Станува бистар, се разбиструва (за течност).
Англиски: clear Албански: pastrohet
Примери:
Водата во кладенецот се бистреше.
Штотуку сварената ракија полека се бистреше.
4. (се бистри) Станува јасен, светол.
Англиски: clear Албански: kthiellohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се бистри времето.
Се бистри небото.
Се бистри ноќта.
Изрази
Бистри политика - раправа за политика.
Му се бистри умот (главата) - станува свесен.
Изведенки
бистрење ср.
глаг. им.