бистри
бистрат; бистрел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 21862
1.
Прави нешто да биде бистро.
Англиски:
clear
Албански:
pastroj, kthielloj
Специјални филтри ја бистрат водата.
Рибата чистач ја бистри водата во аквариумот.
2.
Прави нешто да биде чисто, ведро.
Примери:
Ветрот го бистри небото и воздухот.
Чистиот воздух му ги бистреше очите.
Ја бистри главата со расолница.
Слично со:
чисти (несв.)
3.
(се бистри) Станува бистар, се разбиструва (за течност).
Примери:
Водата во кладенецот се бистреше.
Штотуку сварената ракија полека се бистреше.
4.
(се бистри) Станува јасен, светол.
Примери:
Се бистри времето.
Се бистри небото.
Се бистри ноќта.
Слично со:
јасни (несв.)
Изрази
Бистри политика - раправа за политика.
Му се бистри умот (главата) - станува свесен.
Изведенки
бистрење ср.
глаг. им.
глаг. им.