благослов
мн. благослови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3604
1.
Зборови што изразуваат добри желби со повикување на божја милост, придружена со крстење, прекрстување.
Примери:
божји благослов
Старецот се прекрсти за благослов.
Невестата влезе во куќата со благослов од попот.
2.
Изразување желба до некого за нешто добро, за среќа, здравје, успех и сл.
Примери:
На чатијата од изградената куќа мајсторите им даваа благослови на домаќините за добро здравје и долг живот.