блада
бладаат; бладал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7794
1.
Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило).
Англиски:
mutter
Албански:
jermoj, murmurit
Детето се плаши во сонот и постојано блада.
Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња.
Бладаш, ништо не те разбирам.
2.
Зборува бесмислици.
Примери:
Не бладај, воденицо празна.
Јас не бладам, ти тоа многу добро го знаеш.
Изведенки
бладање ср.
глаг. им.
глаг. им.