а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блада

бладаат; бладал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7794
1. Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило).
Англиски: mutter Албански: jermoj, murmurit
Примери:
Детето се плаши во сонот и постојано блада.
Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња.
Бладаш, ништо не те разбирам.
2. Зборува бесмислици.
Англиски: talk nonsense Албански: flet kot
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не бладај, воденицо празна.
Јас не бладам, ти тоа многу добро го знаеш.
Изведенки
бладање ср.
глаг. им.