блок
мн. блокови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2623
1.
Големо, масивно парче од нешто (камен, метал, мраз).
Примери:
Дождовите ја изделкале лавата, ја измоделирале во блокови.
Лена ги заобиколуваше огромните камени блокови, напукнати и изглодани од времето.
Надолу се гледаа блокови од гранит.
Слично со:
парче (ср.)
2.
Целина, низа од згради или друг вид градежни објекти.
Примери:
Тој живее во блокот кај Градски ѕид.
Поминаа покрај блок дуќани.
Слично со:
зграда (ж.)
3.
Подврзани листови (чисти или со отпечатен текст) што можат лесно да се одвојат.
Англиски:
block
Албански:
bllok, tallon
Благајничката набави блок налози за плата.
Кондуктерот извади од торбата блок возни билети.
4.
Картонски корици со листови за цртање.
Англиски:
block
Албански:
bllok vizatimor
Самоукиот уметник гордо го носеше под мишка и својот блок.
Тој е во ликовите низ истутканите и превиткувани листови од блок за цртање.
Вид: хартија (ж.)
5.
Сојуз на држави, партии, воени организации.
Примери:
Македонските дечиња беа распратени по земјите на Источниот блок.
Македонија стана крваво боиште на завојуваните држави на двата блока.
Слично со:
сојуз (м.)
6.
Жив ѕид на играчи што ја спречува акцијата на противникот.
Слично со:
ѕид (м.)
7.
Централен дел од мотор со внатрешно согорување.
Слично со:
мотор (м.)
8.
Целина од поврзани активности.
Англиски:
whole
Албански:
bllok, njësi
блок часови
блок емисии
Слично со:
целина (ж.)
Изведенки
блоковски прид.
блоковскиот
блоковскиот