а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бод

мн. бодови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 25004
1. Поен, единица со која се означува степенот на успешност при натпреварување.
Англиски: point Албански: pikë
Употреба: Спорт
Примери:
Нашата екипа освои два бода.
2. Поен, единица за проценување вредност на нешто.
Англиски: point Албански: pikë
Примери:
Ова прашање носи половина бод.
3. Убод со игла или со друг шилест предмет.
Англиски: stitch Албански: shpim
Примери:
Еден бод во прстот и се појави црвена капка крв.
4. Техника на везење, на шиење.
Англиски: stitch Албански: shpim
Примери:
Украсен бод.
Бод зад игла.