божји
божји
Вид збор: Придавка
Ранг: 1175
1.
Што му припаѓа, што се однесува на Бога.
Англиски:
divine
Десет божји заповеди.
Службата божја во црквичето заврши брзо.
Исконска божја сила ја разбеснува водената маса.
2.
Оддаден на бога.
Англиски:
god
синови божји
божји слуга
Тука лежи божјиот човек.
Слично со:
праведен (прид.)
3.
За потсилување на значењето на именката со која стои.
Англиски:
real
страотии божји
луѓе божји
брате божји
Јас ти велам, човеку божји, престани да свириш!
Изрази
Од божја уста во божји уши - да се исполни кажаното.
Мајка Божја - Богородица.
Син Божји - Исус Христос.
Божја бубалка - мирен човек.
Рај божји - за нешто премногу убаво.