бој
мн. боеви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4790
1.
Битка, вооружен судир.
Примери:
Бој се биеше за секој човек, за секоја куќа.
Закипе страшен бој.
Слично со:
битка (ж.)
2.
расправија, тепачка
Примери:
Во Собранието се водеа жестоки боеви околу буџетот.
3.
(из. мн. боја) висина, раст
Примери:
Фенерот беше кренат во висина на човечки бој.
Водата имаше два човечки боја длабочина.