бразда
мн. бразди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3696
1.
Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина.
Примери:
Тракторот зад себе оставаше свежо изорани бразди.
2.
Долга, тесна и плитка длабнатина по површината на земјата по која тече вода, канал за наводнување.
Примери:
Браздата полна со вода гргореше меѓу базјето.
Со години меѓу дрвјето тече селската бразда.
Слично со:
длабнатина (ж.)
3.
Трага што ја остава нешто по мека површина или по површината на водата.
Примери:
Тој го продолжи разговорот правејќи бразди со машата во пепелта пред себе.
Слично со:
трага (ж.)
4.
Голема брчка на лицето, на кожата.
Примери:
На нејзиното лице предвреме се покажаа бразди.
5.
Струјка од солзи, пот, крв, од течност.
Примери:
По образите им течеа бразди сладок сок од лубеница.
Околу устата во бразди се слеваше валкана пот.
Изведенки
1.
браздиче ср.
мн. браздичиња
дем.
мн. браздичиња
дем.
2.
браздичка ж.
мн. браздички
дем.
мн. браздички
дем.
3.
браздуле ср.
мн. браздулиња
дем.
мн. браздулиња
дем.
4.
браздулче ср.
мн. браздулчиња
дем.
мн. браздулчиња
дем.
5.
браздиште ср.
мн. браздишта
аугм.
мн. браздишта
аугм.