бран
мн. бранови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1206
1.
Издигнат дел водена маса што се движи.
Примери:
Брановите на езерото можат да достигнат висина од три метри.
2.
Секое движење или појава што надоаѓа едноподруго, што личи на бран.
Примери:
Бранови зрело жито.
Бран од луѓе се движи по улицата.
Спонтана смеа во бранови ја заплиснува улицата.
Студот навлегува на бранови во одајата.
Нов литерарен бран.
Жесток бран од гнев.
Слично со:
движење (ср.)
3.
Придвижување на маса во некаква средина или физичко поле во одредени интервали.
Примери:
Радиобранови.
Електромагнетни бранови.
Ударен бран.
Изведенки
бранче ср.
мн. бранчиња
дем.
мн. бранчиња
дем.